Фото: Твитер/НАТО

Министрите за одбрана на НАТО денеска по состанокот во Брисел изјавија дека се сериозно загрижени поради „големото, неиспровоцирано и неоправдано“ акумулирање на руската армија, како што изјавија „во и околу Украина и Белорусија“.

– Ја повикуваме Русија, што е можно посилно, да го избере патот на дипломатијата и веднаш да ја смени акумулацијата на армијата и да ги повлече своите сили од Украина во согласност со нејзините меѓународни обврски – се вели во заедничката изјава на министрите на Алијансата.

Министрите за одбрана на НАТО велат дека остануваат посветени на „двојниот пристап кон Русија“ што се рефлектира во силно одвраќање и одбрана, во комбинација со отвореност за дијалог.


Украина бара седница на Советот на безбедност на ОН поради резолуција на Думата

Украина официјално побара од Советот за безбедност на ОН да ја разгледа резолуцијата на рускиот Парламент за признавање на самопрогласените републики во источна Украина, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

– Резолуцијата на рускиот парламент ги поткопува напорите да се стави крај на војната во источна Украина – наведе Кулеба.

Тој додаде дека Украина бара дебата во Советот за безбедност в четврток.