Фото: Пиксабеј

НАТО  го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан, кој претставниците на двете земји го потпишаа во Вашингтон, под покровителство на САД.

– Го поздравуваме напредокот кон мир меѓу Ерменија и Азербејџан и му се заблагодаруваме на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата инвестиција во мирот. Ова е значаен чекор напред – изјави портпаролката на НАТО, Алисон Харт, на X.

Мировниот договор го потпишаа претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и премиерот на Ерменија, Никол Пашињан, со што се стави крај на етничкиот конфликт во кој двете земји се наоѓаа од 1990-тите.