Руските сили се подготвуваат за најтешката битка во стратешки важниот јужен регион Херсон, соопшти украинскиот заменик претседател, Алексеј Арестович.
– Со Херсон се е јасно. Русите довлекуваат резерви, ја зајакнуваат својата група таму. Тоа значи дека не планираат да се повлечат. Напротив, најтешката битка ќе се води за Херсон – изјави Арестович на неговиот канал на Телеграм.
Јуриј Соболевски, украински регионален заменик за Херсон, кажа дека властите назначени од Москва вршат зголемен притисок врз жителите на градот да се евакуираат.
Руските власти претходно ги повикаа жителите на Херсонската област да сее евакуираат и предупредија дека Украина планира офанзива против регионот.
Лондонски „Гардијан“ оценува дека од четирите украински области кои во септември го објавија приклучувањето кон Русија, Херсон е веројатно стратегиски најважниот. Оваа област го поврзува единствениот копнен пат до полуостровот Крим, што Русија го анкетира во 2014 година, и устието на реката Днепар.
Во Херсон, кој е под руска окупација, според украински извори, вчера загинале повеќе од сто чеченски војници во артилериски напади.
Војниците испратени од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вчера биле под ракетен оган, се вели во извештаите кои не можат независно да се проверат.
Украинскиот воен гувернер на регионот Херсон пријави 40 мртви и 60 закопани за време на нападот.
Чеченската единица била стационирана во училиште во село на другиот брег на реката Дњепар по повлекувањето од Херсон, а тие самите откриле каде се наоѓаат преку фотографии на социјалните мрежи.
Опозицискиот чеченски канал 1Адат на Телеграм тврди дека членовите на полкот Кадиров, кои се наоѓале во училиштето, биле гранатирани и дека околу стотина од нив биле убиени.
Кадиров не го коментираше настанот, но го изрази своето незадоволство на социјалните мрежи, нарекувајќи го слаб пристапот на Русија кон Украина.