Јапонката Кејн Танака го прослави својот 119 роденден, велејќи дека е одлучна да го продолжи рекордот за уште една година, пренесе британски „Гардијан“.
Кејн Танака која живее во домот за стари лица во префектурата Фукуока во југозападна Јапонија сака газирани пијалоци и чоколадо, пренесуваат медеумите.
Гинисовата книга на рекорди ја призна возраста на Танака во март 2019 година, кога таа имаше 116 години. Таа го постави јапонскиот старосен рекорд на сите времиња кога достигна 117 години и 261 ден во септември 2020 година.
Танака која е родена во 1903 година, преживеа пет јапонски царски владења и се надева дека ќе го доживе својот 120-ти роденден, објави новинската агенција „Кјодо“.
Во проценката објавена во септември во пресрет на „Денот на почит кон старите лица“, јапонското Министерство за здравство соопшти дека во Јапонија има рекордни 86.510 луѓе на возраст од сто или повеќе, што претставува зголемување за 6.060 во однос на претходната година.
Жените го сочинуваат огромното мнозинство на стогодишници, а мажи има нешто повеќе од 10.000, соопшти јапонското министерство.
Кога истражувањето за прв пат било спроведено во 1963 година, Јапонија имала само 153 стогодишници, но бројот до 1998 нивниот број се искачил на над 10.000.
Поросечниот животниот век во Јапонија исто така е на рекордно високо ниво, со просек од 87,74 години за жените и 81,64 за мажите.
Но поразителен е фактот што бројот на млади се намалува поради неуспешните обиди да се подигне нискиот наталитет во земјата.