Помошник началник во австралиската полиција, Ентони Кук изјави дека во трговскиот центар „Вестфилд бондаи џанкшн“ (Westfield Bondi Junction) во Сиднеј со нож усмртени се пет луѓе.
Тој потврди дека напаѓачот е елиминиран. Според Кук, тој најверојатно дејствувал сам. Претходно дел од медиумите објавија дека во трговскиот центар имало двајца напаѓачи.
– Полицајка се соочи со напаѓачот, кој во тој момент се наоѓал на петтиот кат од трговскиот центар. Таа брзо одеше за да го стигне. Тој се сврте кон неа и го подигна ножот. Таа го застрела и го уби – истакна Кук.
Додека вршителката на должност премиерка на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, Пени Шарп наведе дека е шокирана од нападот.
– Шокирана сум од извештаите за повеќекратни жртви во Бондаи. Моите мисли и мислите на Владата се со жртвите, нивните семејства и првите лица кои реагираат во овој момент, како и со оние кои можеби биле сведоци на овие ужасни настани – истакна Шарп.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои посетителите на трговскиот центар се обидуваат да му се спротивстават на напаѓачот. Исто така се појави и фотографија од напаѓачот.
По нападот од трговскиот центар беа евакуирани најмалку стотина луѓе.