Најмалку 38 лица загинаа во пожар кој зафати траект на реката Суганда во Бангладеш.
Зохор Али, администратор на областа Џалакати предупреди дека бројот на загинати би можел дополнително да се зголеми бидејќи повеќе од 50 луѓе се примени во болница. Некои патници се’ уште се водат како исчезнати, а голем е бројот на лица кои се во критична состојба.
Причината за пожарот засега не е позната.