Во ракетен напад врз пазарот во Ал Бабу, северна Сирија, загинаа најмалку 15 луѓе, а десетина се повредени.
Нападот во Ал Бабу се случи откако пред неколку дена при турски воздушен напад загинаа 11 сириски војници и курдски борци.
Сириската опсерваторија за човекови права за нападот во Ал Бабу ги обвини сириските владини сили, истакнувајќи оти тоа е одмазда за турскиот воздушен напад.
Турција од 2016 година започна три големи прекугранични операции во Сирија и контролира поединечни делови во северниот дел на Сирија, меѓу кои и Ал Бабу.