Најголемите европски компании изгубија 100 милијарди евра од февруари 2022 година поради продажба, затворање или намалување на нивниот бизнис во Русија.
Според Фајненшал тајмс од годишните извештаи на 600 европски компании и нивните финансиски извештаи за 2023 година, произлегува дека 176 компании избегнале девалвација на нивните средства и дополнителни трошоци поради промената на бизнисот во Русија.
Во таа пресметка не се вклучени индиректните трошоци како што е поскапувањето на енергијата и стоките. Најголемите загуби се концентрирани во неколку сектори како што се енергетиката, автомобилската индустрија и финансискиот сектор.
Три компании од енергетскиот сектор – БП, „Шел“ и „Тотал енерџи“ објавија дека повлекувањето од Русија ги чинело околу 40,6 милијарди евра, но од ФТ велат дека овие загуби се надоместени со зголемувањето на профитот поради поскапување на нафтата и гасот.
Загубите на европската автомобилска индустрија изнесуваат 13,6 милијарди евра, додека финансискиот сектор – банките, осигурителните компании, инвестициските компании загубија 17,5 милијарди евра поради заминувањето од Русија.