Министерството за надворешни работи на Русија денеска ја повика на разговор амбасадорката на САД во Москва, Лин Трејси и и врачи демарш поради, како што тврди, зголемената вмешаност на САД во конфликтот во Украина.
-Демаршот беше доставен до шефот на дипломатската мисија на САД, кој беше поканет во руското Министерство за надворешни работи на 21 февруари во врска со зголеменото учество на САД во непријателствата на страната на режимот во Киев – соопшти Министерството, како што јави ТАС С.
Според РИА Новости, на амбасадорката и било кажано и дека Вашингтон треба да преземе чекори за повлекување на американските и НАТО војниците од Украина.
-Во соопштението на руското министерство се наведува и дека на американската амбасадорка и било кажано дека „агресивниот курс на дејствување“ на САД е контрапродуктивен во продлабочувањето на конфликтот со Русија – истакнува Ројтерс.
Министерството ги повика САД да дадат објаснување во врска со експлозиите минатата година, кои ги оштетија гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2.