Новинарот на „Ал Џезира“ Али Хашем известувајќи од Мариупол, вели дека некои аналитичари веруваат дека мостот Чонгар, што го поврзува Крим со копното, бил погоден со проектили од Украина со цел да се прекине снабдувањето на Русите со оружје.

– Она што сега многу добро го знаеме е дека ситусцијата таму е многу напната. Но, ова не е прв пат да биде погоден мостот – вели Хашем.

Украина истрела проектил на мостот Чонгар што поврзува делови од областа Херсон, која е под руска контрола, со полуостровот Крим, предизвикувајќи пренасочување на сообраќајот, изјавија официјални претставници на двата региона назначени од Русија, пренесе „Ројтерс“.

Владимир Салдо, гувернер на Херсон назначен од Русија, рече дека патот е оштетен, но нема извештаи за жртви. Тој исто така рече дека во нападот најверојатно биле користени ракети „Сторм шедоу“.

Познат како „Портата на Крим“, мостот Чонгар е еден од неколкуте мостови што го поврзуваат Крим, кој  во 2014 година, бил припоен од Русија со копното.