Мраморното море кај Истанбул ненадејно се повлече за 25 метри, што предизвика загриженост кај жителите.
За појавата се огласија од Техничкиот факултет во Истанбул, соопштувајќи дека повлекувањето на морето не е поврзано со земјотресот што пред осум дена го погоди југот на земјата.
„Поради центарот со висок притисок лоциран во западниот дел од Турција, ветерот веќе подолго време дува над Истанбул од север кон југ, односно кон Мраморното Море“, информираа од факултетот.
Како што соопштија од Главната управа за метеорологија, интензитетот на овој ветер е 20 километри на час.
The Marmara Sea near Istanbul suddenly dropped 20 to 25 meters today.
According to Rianavosti, the scientists of the Candilli Observatory advise not to worry.
In the observatory, this phenomenon is associated with pressure drop and is not directly related to the seismic activity pic.twitter.com/F6s3RkAJ0W— Yad E Ali Kazvini خدیو credit analyst associate (@aeyzaedyoz) February 14, 2023
Ветерот постојано ја носи површинската морска вода од брегот на Мраморното Море на европската страна на Истанбул кон југ.
– Поради тоа на северниот брег на Мраморното Море во насока кон Авџилар, нивото на водата се намалува и се повлекува, додека на јужниот брег на спомнатото море нивото расте – соопштија од Техничкиот факултет.