Молдавија ќе воведе вонредна состојба и е подготвена да прифати десетици илјади лица од соседна Украина, изјави денеска молдависката претседателка Маја Санду.
-Ќе им помогнеме на луѓето на кои им е потребна нашата помош и поддршка – рече таа.
Десетици автомобили чекаат во колони на границата меѓу Украина и Молдовија, наведуваат молдависките интернет медиуми.
Молдавија денеска ќе го затвори својот водушен простор и ќе ги пренасочи летовите кон другите воздушни пристаништа заради безбедносната ситуација во регионот, соопшти земеник премиерот на земјата, Андреј Спину, во пост на „Фејсбук“.
Белорусија, пак, ќе затвори само „дел“ од воздушниот простор.
-Набљудувајќи ја ситуацијата во регионот, Врховниот совет за безбедност препорача да се затвори воздушниот простор на Молдавија – напиша на „Телеграм“, заменик премиерот Андреј Спину.
Тој додаде дека воздушниот простор ќе биде затворен од 12 часот по средноевропско време, како и дека „сите летови ќе бидат пренасочени кон други аеродроми“.
Белоруското Министерство за одбрана соопшти дека „затвора дел од својот воздушен простор за цивилни авиони“.