Го поздравувам решението на француското претседателство со ЕУ за договор што ќе го отвори патот за старт на пристапните преговори со Македонија, објави попладнево на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
– Рeшението се однесува на изразените загрижености. Најблиску сме од кога и да сме биле досега: Сега е време да се каже да – додава Мишел во твитот.
Welcome @Europe2022FR solution for an agreement that would pave the way for opening of EU accession talks with North Macedonia.
The solution addresses concerns expressed.
We are the closest we have ever been: now is the time to say yes.
— Charles Michel (@CharlesMichel) June 30, 2022
Владата попладнево соопшти дека преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигнал предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови.
– Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата – се наведува во соопштението владината Прес-служба.
Претходно на прес-конференција на Самитот на НАТО во Мадрид, и францускиот претседателот Емануел Макрон изјави дека е уверен оти е најден добар договор помеѓу Скопје и Софија за отворање на првите поглавја од преговорите со Македонија и Албанија.