Украинскиот претседател Владимир Зеленски на шеговит начин го критикуваше американскиот милијардер Илон Маск на Твитер, поради неговите предлози за ставање крај на војната во Украина, пишува „Политико“.
Зеленски вчера на Твитер праша „кој Илон Маск ви се допаѓа повеќе?“, заедно со анкетата во која опциите беа „оној што ја поддржува Украина“ и „оној што ја поддржува Русија“. A најголем број од луѓето што го следат украинскиот претседател на Твитер се определија за првата опција.
Твитот на украинскиот претседател подоцна беше избришан, а потоа и повторно објавен.
Which @elonmusk do you like more?
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2022
Се смета дека Зеленски на овој начин одговори на твит од Маск од понеделникот, во кој извршниот директор на „Тесла“ објави четири сугестии под насловот „Украина-Русија мир“.
Предлозите на Маск за мир беа „повторни избори во анектираните региони под надзор на ОН. Русија ќе ги напушти, ако тоа е волја на народот“, „Крим официјално станува дел од Русија, како што беше во 1783 година (до грешката на Хрушчов)“, „осигурено снабдување со вода за Крим“ и „Украина останува неутрална“.
Во прилог на предлозите имаше поставена анкета со одговорите „да“ и „не“, од кои првиот имаше побројна поддршка.
Ukraine-Russia Peace:
– Redo elections of annexed regions under UN supervision. Russia leaves if that is will of the people.
– Crimea formally part of Russia, as it has been since 1783 (until Khrushchev’s mistake).
– Water supply to Crimea assured.
– Ukraine remains neutral.
— Elon Musk (@elonmusk) October 3, 2022
Маск по анкетата што самиот ја објави, напиша дека ова „веројатно ќе биде разрешницата на конфликтот на крајот“, со што прашање е само „колкумина ќе загинат дотогаш“. А потоа допиша оти треба да се спомене дека „можен, иако малку веројатен, исход од конфликтот е нуклеарна војна“.
Илон Маск во текот на војната со Русија ја снабди Украина со сателитски чинии од неговата компанија „Спејс екс“, кои ќе послужат за обезбедување на непречен интернет-пристап, по што Зеленски му се заблагодари за поддршката.
Оружениот конфликт во Украина ја тестира репутацијата на Илон Маск
Сателитите на Илон Маск добиваат огнено крштевање во војната во Украина