Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев коментирајќи го потпишувањето на указот „за историско наследство на Украинците на територијата на Руската Федерација“ истакна дека украинскиот претрседател Володимир Зеленски сака да анектира руски територии.
– Високиот украински наркоман повлече едноставен пропаганден потег, предизвикан од неуспехот на фронтот – наведе Медведев.
Според указот на Украинците кои живеат на територијата на Русија треба да им се обезбеди „право на образование на украински јазик и негова слободна употреба, пристап до медиуми на украински јазик и право на мирно собирање“. Зеленски и наложи на Владата да подготви со меѓународни експерти и да поднесе до Советот за национална безбедност и одбрана акциски план за „зачувување на националниот идентитет на Украинците во Руската Федерација, вклучувајќи ги и земјите во кои историски живееле“.
Според Зеленски указот придонесува за „враќање на вистината за историското минато заради иднината на Украина“.
– Одеднаш шмркна двојна доза и потпиша декрет за територијални претензии кон Русија, на земји „историски населени со Украинци“. Нема што да се коментира, бидејќи Украинците се Руси, а Мала Русија е дел од Русија. И време е главниот „Украинец“ да се откаже. Во спротивно ќе ја анектираат и Канада – напиша Медведев на Телеграм.