Фото: roscongress.org

Русија ќе направи се што е во нејзина моќ за да спречи војна со Украина, изјави претседателката на Горниот дом на рускиот Парламент, Валентина Матвиенко.

-Нашата позиција е јасно дефинирана од рускиот лидер, ние од наша страна ќе сториме се за да ја спречиме војната со Украина, да се погрижиме таа никогаш да не почне, ниту денеска, ниту утре, ниту задутре – рече Матвиенко во интервју за руската „Парламентарнаја газета“, пренесена од Тасс.

-Самата помисла на војна е апсолутно апсурдна за нас – додаде таа, оценувајќи дека Русија и Украина имаат неколкувековна заедничка историја.

Матвиенко додеде дека „благо кажано“ сега двете земји не минуваат низ најдобри времиња во односите, но дека верува дека секој проблем може да се реши по мирен пат, со дипломатија и политика.
Таа изрази уверување дека нема објективни причини да се обвини Русија за агресивни планови.

-Не е ни чудо што темата за нападот на Украина, која Западот ја поттикнуваше во последните недели, нема докази за поддршка, нема ништо друго освен теории – рече таа.

Таа, пренесува МИА, оцени дека некои сили во САД и на Западот воопштено гледано ја туркаат Украина во војна со Русија.