Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера го повика Хезболах веднаш да ги прекине нападите врз Израел и апелираше за итен прекин на огнот во Либан.
– Во Либан треба веднаш да прекинат – истакна Макрон во телефонскиот разговор со претседателот на Парламентот на Либан, Набих Бери.
Макрон исто така упати апел до Либанците „да се обединат во име на единството и стабилноста на земјата“ и да ја поддржат „сеопфатна политичка програма заснована на изборот на претседател, кој ќе гарантира национално единство“.
Тој го потврди „ангажманот на Франција во УНИФИЛ и повторно изрази „загриженост поради неоправданите напади врз мировниците во последно време“.
Макрон најави и дека во Париз на 24 октомври ќе биде организирана Меѓународната конференција за поддршка на народот и суверенитетот на Либан.
Претседателот на Франција телефонски разговараше и со премиерот на Ирак, Мохамед Шиа ал Судани, при што потенцира дека не смее да се дозволи земјата да биде вовлечена во конфликт.