Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека Србија, Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија ќе бидат вовлечени во НАТО според сценариото на Украина.
Влезот на Финска во НАТО, а наскоро и на Шведска, е нова фаза на експанзија на исток. Алијансата ќе ги вовлече Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија и Србија. И сè ќе се одвива според украинското сценарио“, рече Лукашенко на состанокот со раководството на државните органи на системот за национална безбедност.
Како што додаде, прогнозите се неутешни.
-Апетитите и активноста на колективниот Запад само ќе растат. Вашингтон и неговите сојузници ќе продолжат да го прошируваат НАТО. Ситуацијата е повеќе од поволна за нив. Отворено ќе кажам: речиси сите европски лидери се претворија во поданици на САД – ако погледнеме чија политика, чии интереси доминираат на територијата на Европската унија – оцени Лукашенко.