Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека Украина распоредила повеќе од 120.000 војници долж границата со Белорусија и дека како одговор Минск испратил воени формации долж целата своја граница – објавија руските медиуми.
Лукашенко, кој е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека границата меѓу Белорусија и Украина е минирана „како никогаш досега“ и дека украинските војници ќе претрпат огромни загуби доколку се обидат да ја преминат.