Москва се уште е отворена за дијалог со Европската унија, но наместо танго, западните земји сами си играат брејкденс, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Се уште сме отворени за дијалог. Но, мора да играте танго заедно. „Засега нашите западни партнери сами си играат брејкденс“ – рекол Лавров пред новинарите.
На сите им стана јасно дека НАТО повеќе не може да одлучува за судбината на Европа. Фактот дека тие не можат да одлучуваат за судбината на Европа веќе им стана јасно на сите – изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Лавров додал дека ОДКБ денес делува како балансен фактор за нелегитимни акции на НАТО.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повикал да не се шпекулира со смртна казна за странските платеници во ДНР и потсети дека тие се осудени според законодавството на републиката, бидејќи нивните злосторства биле извршени таму – пренесоа Новости.рс