Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, денеска изјави дека специјалната операција на Русија во Украина била дизајнирана да стави крај на стремежот на САД да доминираат во светот, пренесува „РИА новости“.
– Нашата специјална воена операција е дизајнирана да им стави крај на непромисленото проширување и на непромислениот курс кон целосна доминација на САД и другите западни земји на меѓународната сцена. Доминација, која се гради со грубо кршење на меѓународното право, според одредени правила, кои дури сега се повторуваат и кои се применуваат од случај до случај – рече Лавров во интервју за ТВ каналот „Русија 24“.