Украинскиот министер денеска се сретна со рускиот министер Сергеј Лавров во Анталија, Турција, каде што беа пречекани од турскиот министер за надворешни работи Мехмет Чавушоглу. По средбата беше одржана прес-конференција на која Кулеба рече дека дошол на состанокот за да се најде решение.
– Ќе се сретнеме повторно во овој формат доколку има шанса за решенија. Кога ќе се сретнат двајцата министри, се бара решение, а тоа е мандатот што им го дадоа лидерите и јас сум подготвен да продолжам со оваа цел да ја запреме војната во Украина и страдањата на украинските цивили и да ја ослободиме нашата територија од руските окупатори – рече Кулеба.
Украинскиот министер рече дека дошол со хуманитарна цел, да ја напушти средбата со одлука за уредување хуманитарен коридор до и од Мариупол. Но додава дека не постигнале договор со Лавров.