Министерство за одбрана на Русија, денеска, 8 октомври, го именуваше генералот Сергеј Суровикин за генерален командант на руските сили ангажирани во Украина.
„Со одлука на министерот за одбрана на Руската Федерација, генерал Сергеј Суровикин е назначен за командант на заедничката група војници во областа на специјалната воена операција“, се вели во соопштението од руското Министерство за одбрана, јавија новинските агенции.
Од 2017 година Суровикин ја предводеше Канцеларија на Руските воздушни сили, која беше создадена во 2015 година кога руските воздушни сили, воздушните и ракетните сили и вселенските сили беа ставени под една команда.
Во јуни, Суровикин беше поставен на чело на руските трупи во јужна Украина. Тој претходно служел во Таџикистан, Чеченија и Сирија.
Ова е прво официјално соопштение со кое се објавува назначување на генерален командант на руските сили ангажирани во Украина. Неофицијално, претходник на Суровикин беше генералот Александар Дворников, кој од рускиот претседател Владимир Путин беше одликуван со медалот Херој на Русија, една од највисоките награди во земјата, за неговата работа во Сирија.