фото: ЕПА

Израел создава цела генерација сираци со својата брутална војна во Газа, изјави денеска јорданскиот крал Абдула Втори.

Јорданскиот монарх ова го изјави во говорот одржан на Меморијалот на жртвите од геноцидот во Руанда, кој се наоѓа во главниот град Кигали.

– Недискриминирачката агресија на Израел во Газа нема да ја гарантира безбедноста на еврејската држава – предупреди Абдула Втори.

Министерството за здравство во Појасот Газа, кое е под контрола на палестинското исламистичко движење Хамас, денеска соопшти дека од почетокот на израелските воени операции во палестинската енклава се убиени 23.084 Палестинци.