Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, во јавноста отворено ги посочи безбедносните ризици за САД
САД се соочуваат со зголемени различни видови закани од многу земји во исто време, истакна директорот на ФБИ, Кристофер Вреј.
– Се грижам за комбинацијата од толку многу закани што се појавуваат одеднаш. Единственото нешто што според мене помага да се надминат овие предизвици е партнерството. Тоа е начинот на кој се справуваме, со заедничка работа – кажа Вреј, без да наведе конкретна закана или истрага.
ФБИ се бори да одговори на безбедносните проблеми на јужната граница на САД, а го истражува и странското мешање во американските избори. Токму затоа Вреј наведе дека истрагите за кибер-нападите, вклучувајќи ги и оние против изборната инфраструктура, кандидати или кампањи, бараат помош од приватниот сектор.
– Вештачката интелигенција (ВИ) на многу начини е најефективната алатка против лошите момци, кои ја користат ВИ. Значи, мораме тесно да соработуваме за да се осигуриме дека американската ВИ може да помогне во заштитата на американскиот народ од заканите со ВИ што доаѓаат од другата страна – објасни директорот на ФБИ.
Американските надлежни служби во јуни откриле дека осум лица од Таџикистан, наводно поврзани со ИД, биле приведени поради нелегално преминување на јужната граница на САД. Вреј претходно предупреди дека минатогодишниот напад на Хамас врз Израел може да послужи како инспирација за милитантите. Р.С.