Фото: ЕПА

Кинеските и руските војски одржаа „стратешки консултации“, разговарајќи за билатерални и меѓународни безбедносни прашања – соопшти Пекинг.

Според соопштението на кинеското Министерство за одбрана, воените претставници вчера во Пекинг го одржале 22-от круг стратешки консултации.

– Двете страни имаа детална размена на мислења за теми, вклучително и меѓународна и регионална безбедност – се вели во соопштението, што го пренесе „Анадолија“.

Двете армии „ќе го подобрат понатамошно нивото на стратешка координација и ќе дадат нови придонеси за промовирање на мирот и безбедноста во регионот и светот, како и промовирање на изградбата на заедница со заедничка иднина за човештвото“.

Пекинг и Москва одржаа воен состанок откако рускиот премиер Михаил Мишустин беше во дводневна посета на Кина претходно оваа недела, каде што се состана со претседателот Си Џинпинг и премиерот Ли Кианг.