Кина дупчи дупка во пустината длабока 11.100 метри за да ги проучи слоевите длабоко под површината на земјата, објави „Скај њуз“.
Операцијата за дупчење започна во вторникот и се наоѓа во регионот Ксинџијанг во северозападна Кина, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Скај њуз“.
Сепак, ова нема да биде најдлабоката дупка што човекот ја ископал.
Во моментов рекордот го држи ултрадлабокиот бунар Коља од 1979 година.
Станува збор за советски проект во близина на руската граница со Норвешка, а дупката е длабока 12.262 метри.
– Колку е тешко да се направи дупка толку голема, покажува тоа што проектот може да се спореди со возење голем камион по две тенки челични жици – рече Сун Џиншенг, академик од Кинеската академија за инженерство.
Дел од опремата што се користи за дупчење тежи повеќе од 2.000 тони.
Басенот Тарим, каде што се наоѓа дупката, е тешко да се истражи поради комплицираните подземни услови.
Претседателот Си Џинпинг повика на поголем напредок во истражувањето на длабоките земјишта во говорот за време на обраќањето до некои од водечките научници во нацијата во 2021 година.
Таквата работа може да ги идентификува минералните и енергетските ресурси и да помогне во проценката на ризикот од еколошки катастрофи, како што се земјотреси и вулкански ерупции.