Кина денеска го повтори својот повик на преговори за решавање на кризата во Украина. Портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг, изјави дека „украинското прашање е сложено во неговата историска позадина“.
-Она што го гледаме денес е меѓусебна игра на сложени фактори – рече Хуа.
Таа вели дека Кина внимателно ги следи најновите случувања.
-Се уште се надеваме дека заинтересираните страни нема да ја затворат вратата на мирот и наместо тоа ќе се вклучат во дијалог и консултации и ќе спречат понатамошна ескалација – рече таа.
Хуа рече дека Кина „ги повикува страните да ги почитуваат легитимните безбедносни грижи на другите луѓе“.
-Сите страни треба да работат за мир наместо да ги ескалираат тензиите или да ја поттикнуваат можноста за војна – рече Хуа.
Претходно кинеската амбасада во Киев упати предупредување до граѓаните да останат дома и да го стават кинеското знаме во или на нивните возила доколку треба да патуваат на долги релации.