Кина денеска лансираше релеен сателит што ќе обезбедува комуникациски услуги меѓу Земјата и Месечината.
– Ова е клучен чекор за кинеските истражувачки мисии, како што се собирање примероци од далечната страна на Месечината или откривање на Јужниот пол – пренесува кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Сателитот „Чуечијао-2“ полета од базата за лансирање на вселенски летала Венчанг, во јужната кинеска провинција Хајнан и по 24 минути се одвои од носечката ракета.
Лансирањето на сателитот е само првиот чекор, бидејќи остануваат уште неколку важни маневри за сателитот да стигне до посакуваната елипсовидна орбита на Месечината.