Фото: ЕПА

КОЈ ИМА НАЈГОЛЕМИ ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ

Анализата на податоците на националните централни банки на сто економии во светот, за тоа кој има најголеми резерви на злато и девизи, покажува дека Кина го задржа долгогодишното лидерство – на крајот на мај оваа година, нејзиниот имот изнесуваше 3,371 трилиони долари. На второ место е Јапонија со резерви од 1,254 трилиони долари. На трето место е Швајцарија со 886 милијарди долари.
Државните резерви на Русија, според податоците од мај, се намалени за 11,6 милијарди долари и сега изнесуваат 584,2 милијарди долари. Со ова Русија ѝ го отстапи четвртото место на Индија, покажува анализата. Русија беше на четвртото место минатата година, кога руските средства, вклучувајќи ги и замрзнатите од Западот, изнесуваа 540 милијарди долари. Сепак, во мај оваа година Индија ја зазеде оваа позиција со имот од 590,7 милијарди долари.
Во првите десет се и Саудиска Арабија (442,2 милијарди долари), Хонгконг (421 милијарди долари), Јужна Кореја (420,98 милијарди долари) и Бразил (343,5 милијарди долари).
Десетте носители на најголемите меѓународни резерви во мај ги затвори Сингапур со 325,7 милијарди долари, со што Германија се најде на 11-то место.
САД остануваат на 12-то место, а потоа следуваат Италија, Франција и Тајланд. Мексико ја зацврсти својата позиција, искачувајќи се на 16-то место и поместувајќи го ОК на 17-то место.
Девизните резерви на Македонија на крајот на јули годинава изнесувале 3.801,7 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,8 отсто), по што следуваат валутите и депозитите (25,6 отсто) и монетарното злато (10,4 отсто).