Украински владини претставници денеска изјавија дека е запрено напредувањето на руските сили во североисточните предградија на Киев и во јужниот регион Херсон.
Градоначалникот на Бровари, лоциран североисточно од Киев, наведе дека руските сили заминале од околината на градот.
– Украинските вооружени сили денеска ќе извршат одредени операции за чистење – изјави градоначалникот на Бровари, Игор Сапожко. Руските сили не го зазедоа Бровари и покрај тешките борби во соседните села.
Претходно, советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович на Телеграм објави дека украинските сили го ослободија градот Вишхород, што е лоциран северно од Киев
Според Арестович, украинските сили ја вратиле контролата врз 11 градови и села во јужниот регион Херсон.
Додека Херсон, е единствениот голем украински град заземен од руските сили.