Украина е подготвена да се обврзе дека нема да го користи оружјето со долг дострел што го побара од Запад за напади на руска територија, со исклучок на новите руски региони кои Киев се уште ги смета за своја територија, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.
Говорејќи на заедничката прес-конференција на украинската Влада и Европската комисија во Киев, Резников рече дека вооружените сили на Украина бараат оружје со дострел до 300 километри.
-Украина е подготвена да ги даде сите видови гаранции дека западното оружје нема да се користи за напади на руска територија. Имаме доволно цели на привремено окупираните украински територии и подготвени сме да ги координираме целите со нашите партнери – рече Резников.