Фото: ЕПА

Најмалку 20 лица загинаа кога камион со храна се преврте врз цивили кои чекаа ред за помош во Појасот Газа преку ноќ, соопшти Цивилната одбрана на палестинската територија.

-Камионот се преврте додека стотици луѓе чекаа помош за храна во областа Нусеират, во централниот Појас Газа – изјави портпаролот на Цивилната одбрана, Махмуд Басал.

Тој додаде дека „израелската армија го принудила камионот да се движи по опасни патишта, кои претходно биле бомбардирани“ и биле во лоша состојба.