Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко денеска објави фотографија на својот Инстаграм профил на која држи автоматско оружје во рацете.
Тимошенко е во друштво со уште петмина мажи и сите се вооружени.
Пораката покрај фотографијата е исто така јасна: „Украина ќе пружи отпор“.
За потсетување, Тимошенко во Украина ја сметаа за хероина на Портокаловата револуција и важеше за една од најистакнатите политички личности во земјата.
Таа е поранешна премиерка на Украина и тоа во два наврати. Прв пат беше избрана на премиерската функција на 24 јануари 2005 година и на тоа место остана до 8 септември истата година кога Јушченко ја распушти нејзината Влада.
На вонредните парламентарни избори во 2006 година, нејзината партија доби 129 пратеници во украинската Рада и стана втора најсилна партија после Партијата на регионите.
Томошенко и Јушченко тогаш се обидоа да направат коалиција, но преговорите пропаднаа.
По вонредните избори во 2007 година коалиците предводени од Јушченко и Тимошенко освоија доволно гласови за да формираат влада, па Јулија Тимошенко во декемвро 2007 година по втор пат беше избрана за премиерка на Украина.