Лидерите на израелската опозиција денеска во заедничко соопштение ја осудија одлуката на премиерот Бенјамин Нетанјаху за смена на министерот за одбрана.
– Отпуштањето на министерот за одбрана поради политичката потреба да се донесе закон за ослободување на ултраортодоксните Евреи од воена служба прави сериозна штета на безбедноста и духот на народот на Израел, но нема да не скрши – изјави поранешниот министер за одбрана Бени Ганц.
Тој најави дека „ќе се бори против обидот на премиерот да владее без предизвик“.
Според него, опозициските лидери го претставуваат огромното мнозинство Израелци, а не само членовите на Кнесетот од опозициските партии.
Лидерот на „Јеш атид“ (Има иднина), Јаир Лапид на социјалните мрежи објави дека членовите на конзервативната партија Ликуд на Нетанјаху се кукавици бидејќи молчат и оти смената на министерот за одбрана кога Израел се бори на седум фронтови е „чин на лудилото“.
Нетанјаху вчера го разреши министерот за одбрана Јоав Галант и на негово место го именува шефот на израелската дипломатија Израел Кац.