Фото: Твитер/Министерство за одбрана на Украина

Украинската војска соопшти дека Русија почнала да користи ирански нападни беспилотни летала, објави „Њујорк Тајмс“.

Според украински воен претставник, остатоци од беспилотни летала „шахед-136“ биле откриени на земја за време на контраофанзивата што Украина ја започна овој месец во североисточните региони на земјата.

Оружјето е „камикаѕе беспилотно летало кое носи боева глава тешка околу 36 килограми“ и може да се лансира од задниот дел на камион со рамно лежиште, објаснува „Њујорк Тајмс“.

– Тоа ги преполови хаубиците „М777“. Наместо да се испукаат 100 артилериски гранати, полесно е да се ослободи едно од овие беспилотни летала – изјави тој за „Тајмс“, мислејќи на уништувањето на хаубица М777 од дрон, што САД и ги достави на украинската војска.

„Њујорк тајмс“ го објави и објаснувањето дека беспилотното летало е доволно прецизно за да цели на самоодна хаубица во зоната каде што се чувал барутот. Ова за возврат создава секундарни експлозии.

„Тоа е многу сериозен проблем“, вели претставникот, додавајќи дека без никакви контра мерки, беспилотните летала ќе ја уништат „целата украинска армија“.

Украинската армија рано утринава соопшти дека руските сили истрелале три ракети и извршиле 22 воздушни напади за 24 часа.

– Зафатена е инфраструктурата во повеќе од 30 населени места – велат од Армијата.

Тие додаваат дека украинските сили вчера погодиле 14 руски објекти.

Украинскиот гувернер на Луганската област Сергеј Хајдај изјави дека во текот на вчерашниот ден загинале околу 200 Руси по експлозија во окупираниот град Сватове.
Институтот за војна, пак, објави дека руските сили во моментов се потпираат на нерегуларни доброволци наместо на редовната армија и дека украинските сили продолжуваат да ги консолидираат позициите долж реката Оскил во регионот Харков. Исто така додава дека руските сили најверојатно ќе се повлечат на позиции кои се полесни за одбрана.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, рече дека може се чини дека дошло до одредено затишје, но тоа не е така рече тој, напротив ова е подготовка, бидејќи, цела Украина мора да биде слободна.

Во видеопораката, Зеленски рече дека украинските сили ги ослободиле Изјум, Балаклеја, Купјанск и Харковската област, но дека ќе бидат ослободени и Мариупол, Мелитопол и Херсон, како и другите делови на Украина кои се под контрола на руските сили.

– Можеби сега на некои од вас им се чини дека по серијата победи имаме некакво затишје. Но, тоа не е затишје. Тоа е подготовка за следната серија. За следната серија на многу важни зборови за сите нас, што мора да се слушнат. Затоа што Украина мора да биде слободна цела – рече Зеленски.