Фото: Царинска управа / Илустрација

Ирак се согласи да го снабдува Либан со гориво за уште шест месеци, се наведува во соопштението на канцеларијата на ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани. Со тоа се обновува договорот за надминување на големиот недостиг на електрична енергија во Либан.

Според договорот за мазут, првпат договорен во јули 2021 година, Ирак и обезбедува гориво на либанската влада во замена за услуги, вклучително и здравствена заштита за ирачките граѓани.

Либан потоа го заменува мазутот за гас, што може да го користи во своите електрани, кои работат со делумен капацитет со децении.

Финансиската криза влијаеше на способноста на земјата да набавува гориво и на тој начин го отежна производството и обезбедувањето електрична енергија.