Иако кажа дека барем засега нема одлука да се врати профилот на Трамп, новиот сопственик на социјалната мрежа Твитер, милиjардерот Илон Маск преку анкета објавена денеска ќе одлучува дали ќе се врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Анкетата е објавена пред 11 часа и до сега гласале речиси 10 милиони корисници.
Во моментов околу 53 отсто од гласовите се „да“.
Reinstate former President Trump
— Elon Musk (@elonmusk) November 19, 2022
Сметката на Трамп на Твитер беше трајно суспендирана по немирите на Капитол Хил во јануари 2021 година.
Маск вчера најави дека ќе бидат обновени корисничките сметки на други контроверзни личности како Катја Грифин, Џордан Петерсон и конзервативниот сатиричен портал Бабилон Би на Твитер, социјалната мрежа која милијардерот неодамна ја купи.
Сметката на комичарката Грифин на почетокот на овој месец беше забранета поради имитирање, имено затоа што таа го смени името на сметката во „Илон Маск“. Десничарскиот автор и психолог д-р Петерсон беше суспендиран од Твитер во јули по објавата за трансродовиот актер Елиот Пејџ, за која социјалната мрежа рече дека ја прекршила нејзината политика за „содржини со омраза“.
Сметката на христијанската сатирична веб-страница Бабилон Би беше суспендирана од истата причина, откако во март објави: „Човек на годината на пчелата од Бабилон е Рејчел Левин“, мислејќи на заменичката министерка за здравство на САД, која се декларира дека е трансродова.