Илјадници Курди од цела Франција и Европа протестираа денеска во Париз. Протестот беше организиран поради нерасчистеното убиство на тројца курдски активисти во француската престолнина на денешен ден пред 10 години и убиството на тројца Курди пред курдскиот културен центар во Париз пред две недели.
Протестите се одржаа на 10-годишнината од убиството на Сакина Цензиз, Фидана Догана и Лејла Сајлемез, а демонстрантите сметаат дека во тоа злосторство била вмешана турската разузнавачка служба, пренесува АП. Осомничениот за убиството бил турски државјанин кој починал во притвор во Франција пред случајот да оди на судење, а турските власти тогаш сугерираа дека убиствата биле потенцијално дел од внатрешен конфликт меѓу курдските активисти или обид да се попречат мировните преговори со Турција.
Учесниците на протестот истакнаа транспаренти со портрети на жртвите, како и знамиња на Курдистанската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција и која земјата, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка група.