фото: Илустрација

Илјадници противници на епидемиолошките мерки воведени за да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус се собраа ноќеска и утринава во предградијата на Париз. Демонстрантите пристигнаа во конвои од цела Франција, со намера да влезат во Париз и покрај тоа што градските власти забранија секакви блокади.

– Речиси 7.200 полицајци ќе бидат распоредени во следните три дена за да го спречат минувањето на конвоите – соопшти париската полиција.

Полицијата подготви оклопни возила и водени топови

Началникот на париската полиција Дидие Лалеман изјави дека отвориле привремена депонија за возила, која заедно со десетици пајаци ќе ги отстранува автомобилите и ќе ја пробива секоја блокада.

Полицијата на Твитер го покажа својот антиблокаден арсенал, објавувајќи фотографии од машини за отстранување на барикади, како и возила опремени со кранови или водени топови, пренесе Хина.

Учесниците на протестот бараат укинување на задолжителната вакцинација и бројот на пропусници. Протестните конвои во Франција се направени по примерот на канадскиот „Конвој на слободата“, со кој на улиците излегоа десетици илјади лица кои се противат на задолжителната вакцинација против коронавирусот и оваа блокада трае повеќе од две недели.