Нашата политика е политика на принципи, вели портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому во реакцијата за ставот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека за него Мицотакис „повеќе не постои“ и додава дека „нема да влезат во конфронтација на изјави со власта во Турција“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Премиерот Киријакос Мицотакис силно и ефикасно ги брани и нашите национални права и меѓународниот легитимитет. Грчката надворешна политика силно се заснова на историјата, меѓународното право и нашите сојузи, колку тоа и да им пречи на некои. Нема да влеземе во конфронтација со изјави со раководството на Турција. Нашата политика е политика на принципи – рече Иконому.