Илустрација / Фото: Принтскрин/„Ај-ти-ви њуз“

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-полковник Херзи Халеви, денеска изјави дека неговите сили оствариле нов напредок во спроведувањето на фазите од војната против Хамас во Појасот Газа, пренесе „Тајмс од Израел“.

-Постигнавме напредок во уште една значајна фаза од војната. Нашите сили се во срцето на северна Газа, оперираат во градот Газа, го опкружуваат и ја продлабочуваат копнената офанзива и достигнувањата. ИДФ се борат во густа и сложена урбана област, за која е потребна професионална борба и храброст  – изјави генералот Халеви во базата на воздухопловните сили.

Генералот кажа дека војниците се вклучени и во блиска борба.

– Копнените сили имаат точни разузнавачки информации, и се поддржани со оган од воздух и море. Оваа соработка ја прави борбата многу поефикасна – кажа началникот на ГШ на израелската армија.

Халеви, сепак, призна дека во оваа војна се плаќа „болна и тешка цена“, со 18 досега убиени војници во копнената операција.

– Го изгубивме најдобрите наши синови во војната, ги прегрнуваме нивните семејства… ќе продолжиме да победуваме – кажа генералот.

На крајот од изјавата тој кажа дека ИДФ имаат „обврска“ да ги вратат дома сите заложници што ги држи Хамас и другите терористички групи во Појасот Газа.


Израелската армија ја чека кошмар во Газа, тврди британскиот генерал Данат

Армијата на Израел се соочува со кошмар за време на нејзината копнена операција во Газа додека се обидува да избегне смрт на заложници, изјави поранешниот началник на британската армија, Ричард Данат.

Тој рече дека веројатно единствениот начин на кој Израел може да успее е „долгорочна“ операција со крајна цел „протерување на Хамас“.

Посочи дека лицата киднапирани од Хамас на 7 октомври „несомнено“ се задржани во некои од стотиците километри подземни тунели изградени од милитантната група.

– Во аналите на воената историја, ова ќе биде една од најтешките операции што која било војска мора да ги спроведе. Прашањето е како да се обиде да ја постигне својата цел да го уништи Хамас, а да не бидат соучесници во убиството на повеќе од 230 заложници. Ова е вистински кошмар и, искрено, ќе биде предизвик, не гледам како Израелците ќе го направат тоа освен да бидат таму на долги патеки и да се надеваат дека на крајот ќе го избркаат Хамас – рече британскиот генерал Данат.