И Русија и Украина денеска соопштија дека одбиле голем број воздушни напади, а поради интензивираните напади во украинските погранични региони наредена е евакуација на цивилите.
Руските власти соопштија дека системите за противвоздушна одбрана уништија украински ракети и беспилотни летала над пограничните региони Белгород, Курск и Воронеж. Над Саратовската област, во близина на градот Енгелс пресретнати се два украински дрона. Русија има стратешка воена база бомбардери во близина на градот.
Во меѓувреме, поради интензивното руско бомбардирање на североисточниот пограничен регион на Украина, Суми, наредена е евакуација на цивилите.
Во ниту еден од нападите што ги почна Украина нема жртви или голема материјална штета.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа во видеообраќањето ги осуди тековните напади на Русија врз североисточниот украински регион Суми.
– Од почетокот на месецот, руската авијација фрли речиси 200 наведувани бомби врз заедниците во регионот Сума – истакна Зеленски.