Силен ракетен напад е извршен денеска врз Ерусалим и Тел Авив, принудувајќи ги пратениците од Кнесетот сред седница да заминат во засолништа.
Сирените за воздушен напад се огласиле во Ерусалим и Тел Авив, а одговорноста за ракетниот напад кон Тел Авив и Ерусалим ја презеде милитантната палестинска организација Хамас, чии членови лансираа ракети со долг дострел.
„Тајмс оф Израел“ наведува дека ова е веројатно најголемата канонада од баражен ракетен оган од првиот напад на Хамас на 7 октомври. Неколку силни експлозии се слушнале во двата најголеми града во Израел, но засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Седницата на Кнесетот, на чиј почеток зборуваше премиерот Израел, Бенјамин Нетанјаху, е одложена, а пратениците и останатите присутни заминале во засолништа.