Хамас остро го осудува американското вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, изјави висок претставник на палестинската исламистичка група- пренесе БТА.
Претставникот на Хамас го опиша чекорот на Вашингтон како „неетички и нехуман“.
-Попречувањето на САД на усвојувањето на резолуцијата за прекин на огнот претставува директно соучесништво со окупаторот во убивањето на Палестинците и извршувањето на помасовни убиства и етничко чистење – рече Езат ал-Решик, портпарол на политичкото биро на Хамас.