Фото: Обединети нации

Протекторатот на ОН во Газа по војната не би бил решение, оцени денеска генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш и се заложи за „транзиција“ во која ќе бидат вклучени повеќе актери, како што се САД и арапските земји.

-Оваа трагедија може да се претвори во можност, а за тоа да биде возможно, неопходно е по војната решително и неповратно да се движиме кон решение – изјави Гутереш.

Ова, според него, се постигнува преку зајакната палестинска управа, преземање на одговорностите во Газа.

-Но, палестинската управа не може да дојде во Газа со израелски тенкови – додаде тој и рече дека меѓународната заедница треба да обезбеди транзициски период.

Тој смета дека протекторатот на ОН во Газа не е решението.

-Мислам дека ни треба пристап со повеќе засегнати страни, во кој различни земји, различни ентитети ќе соработуваат – рече тој.

Тој прецизираше дека меѓу актерите ќе бидат САД кои ќе бидат гарант за безбедноста на Израел и арапските земји од регионот кои им се неопходни на Палестинците.