Руски „Газпром“ доминантно го покрива увозот на Грција за природен и течен нафтен гас
Според информациите на операторот ДЕСФА, во првата половина од годинава уделот на руски гас во грчкиот увоз се зголеми од 31 на 57 отсто. ДЕСФА, односно „Национален оператор на систем за природен гас С.A.“, е компанија за пренос на природен гас во Грција. Таа е основана е на 30 март 2007 година како подружница на ДЕПА. Покрај преносниот систем, компанијата управува и со грчките мрежи за дистрибуција на гас и со терминалот ЛНГ.
Во периодот јануари-јуни испораките од Русија за Грција изнесуваат 1,67 милијарда кубни метри, и тоа:
– Гас од гасоводот (преку точката Сидирокастрон) – 1,49 милијарда, како и
– Течен нафтен гас (ТНГ) – 182 милиона кубни метри.
За издвојување е дека целиот увоз во Грција доаѓа од „Газпром“.
Нивото на снабдување со руски гас за Грција се врати на нивото од пред почетокот на војната во Украина
Течниот нафтен гас (ТНГ) беше испорачан од рускиот терминал Балтик Портоваја. Во исто време нивото на снабдување со руски гас за Грција се врати на нивото од пред почетокот на војната во Украина. На пример, за споредба, во првата половина на 2021 година „Газпром“ им испорача 1,6 милијарда кубни метри на компаниите во таа земја.
Според ДЕСФА, зголемувањето на снабдувањето со руски гас се совпадна со значителното закрепнување на домашната побарувачка и намалувањето на реекспортот на гас. Оваа состојба доведе и до намалување на вкупниот увоз на ТНГ за повеќе од половина. Испораките од Соединетите Американски Држави паднаа од 682 милиона кубни метри во форма на ТНГ на 580 милиони.
Во јули руски „Газпром“ дополнително го зголеми снабдувањето во Европа – речиси до максимум по затворањето на гасоводот Северен тек. Извозот продолжи да расте, пред сѐ кон Грција.
Потсетуваме дека во последните неколку години извозот на „Газпром“ во Европа е намален речиси пет пати како резултат на санкциите и контрасанкциите. Сега таа компанија испорачува гас за Европа само преку две маршрути: преку Украина и по европскиот гасовод Турски тек.
Според информацијата на енергетските експерти, освен за Грција, рускиот гас останува тежишен како гориво за Австрија, Унгарија, Србија, Словачка и за Македонија. Р.С.