Фото: Твитер

Шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска, денеска на прес-конференција коментираше дека руската агресија создаде нова геополитичка реалност која ја загрозува не само безбедноста на балканскиот регион, туку и на Европа во целина.

Како што јавува МИА, Генчовска на средбата со новинарите кажа дека смета на придонесот на Азербејџан во безбедноста на снабдувањето со енергенси, што ќе придонесе за зајакнување на европската и евроатлантската безбедност.

Таа оваа му го соопшти на азербејџанскиот министер за надворешни работи, Џејхун Бајрамов, кој се наоѓа во посета во Софија.

-Енергијата е во засновата на економските односи меѓу двете земји. Како што е договорено, ние ќе ве снабдуваме со природен гас во следните 25 години, рече Бајрамов.

Тој посочи дека Бугарија е еден од трите приматели на азербејџански гас во Европа. Баку е сигурен дека интерконекторот меѓу Бугарија и Грција ќе биде завршен и земјата преку него ќе почне да ја добива суровината.

-Ова ќе даде голем придонес за вашата енергетска безбедност-рече министерот за надворешни работи на Азербејџан.

Тој нагласи дека неговата земја и нејзините партнери го исполниле својот дел од договорот за снабдување со гас на Бугарија, Италија и Грција, преку изградбата на Трансјадранскиот коридор.

Според него, гасот бил пуштен на последниот ден од 2020 година.

-Кога тоа ќе се случи, Баку е подготвен да почне со целосно доставување на договорените количества. Така што сите чекаме да заврши овој интерконектор-рече Бајрамов.

Генчовска кажа дека очекува наскоро да заврши изградбата на гасната врска на Бугарија со Грција, за да може целосно да се реализираат количествата на природен гас договорени со Азербејџан за Бугарија.