Компанијата „Газпром“ најави дека дополнително ќе ја намали испораката на гас преку „Северен тек 1“, а конкретно протокот на гас низ клучниот европски гасовод ќе се намали на 33 милиони кубни метри, пренесе ДПА.
Тоа значи дека само во употреба ќе остане само 20 отсто од гасоводот.
Во соопштението на рускиот нафтен гигант се наведува дека работата на втората турбина е стопирана поради „техничката состојба на агрегатот“.
Москва минатиот месец го намали капацитетот на „Северен тек 1“ за 60 отсто, наведувајќи го како причина одложувањето на враќањето на турбината од Канада, каде ја сервисираше германската компанија за електроенергетска опрема „Сименс енерџи“.
Русија, меѓутоа, на 21 јули повторно го отвори клучниот гасовод по 10-дневна операција на одржување, но тој сè уште работи со намален капацитет.