Енергетската криза предизвикана од руската војна во Украина може да доведе до двочасовно прекинување на струјата за француските домаќинства во најлошото сценарио оваа зима – предупреди француската премиерка.
Елизабет Борн рече дека проблемот е делумно предизвикан од последиците од војната, но и од планираното затворање на околу половина од француските нуклеарни реактори заради одржување.
– Тоа значи дека произведуваме помалку струја и можно е, ако е многу студено, да има моменти во кои ќе имаме проблеми со снабдувањето со електрична енергија – изјави таа за телевизијата ТМЦ, додавајќи дека во тие случаи струјата ротирачки ќе се исклучува по два часа.
Таа рече дека потенцијално може да се воведат ограничувања и за гасот за компаниите.